Само неколку месеци од почетокот на сериското производство, фабриката во Дебрецен постигна половина од годишниот план.
Првиот модел на Neue Klasse, BMW iX3, не само што најави револуција на „сино-белиот“ пропелер, туку и почна да соборува рекорди.
Од почетокот на производството за првата година беа предвидени да се продадат 100.000 примероци, бројка која беше распродадена далеку побрзо отколку што предвидуваа маркетерите на компанијата.
Производствената лента доби вонредно засилување со воведување на втора смена, а сега е постигнат важен маркер за предводникот на новата класа, 50.000-тиот BMW iX3. Компанијата никогаш порано не произвела толку брзо толкава количина возила во нова фабрика.
Јубилејниот примерок е iX3 50 кого штотуку го тестираме по македонските рути. Очекувајте ги импресиите од тестот следната недела.


