Mitsubishi го има закажано претставувањето на новиот Pajero за 2 септември
Mitsubishi има големи планови со новиот Pajero. Тој е модел кој сите љубители на теренското возење повторно сакаат да го видат во живот. Затоа и сé мора детално да биде испланирано. Како што се дознава, настанот на кој ќе биде откриен новиот теренец е закажан за 2 септември, истовремено на неколку клучни светски пазари, не само во Јапонија. Продажбата би требало да стартува непосредно после тоа, а за цените се проценува дека би изнесувале меѓу 5 и 7 милиони јени, односно од 27.000 до 38.000 евра што навистина е конкурентно.
Дизајнот ќе биде робусен и коцкаст а според можностите директно ќе ги напаѓа Nissan Patrol и Toyota Land Cruiser. Техничката основа ќе биде позајмена од пикапот Triton, прилагодена да се обезбеди доволно комфор и повисоки возни својства. Се очекува да се нуди со неговиот 2,4 литарски дизел а веројатно ќе добие и електрифицирана изведба, чиј погонски склоп ќе биде преземен од Outlander PHEV.


