Заслугата за тоа ја има новиот MG S5 EV
Церемонијата на врачување на наградата се одржа за време на фестивалот на брзината во Гудвуд на штандот на MG. Трофејот го врачи Дан Варди, основач и претседател на AutoBest, а ја прими Елберт Гуо, претседател на MG Motor Central & Eastern Europe. Значајно за производителот е што е прв што ја добива оваа награда како дел од иницијалното издание на AutoBest Conquest натпреварот чиј иновативен формат ја комбинира експертизата на жирито со директно гласање на јавноста од цела Европа.
По тој повод Елберт Гуо изјави: „Ни претставува чест официјално да го добиеме овој престижен трофеј. Ова признание ја одразува посветеноста на нашите глобални тимови за развој на возила што комбинираат напредни технологии, интелигентен инженеринг и исклучителна вредност за европските клиенти. Добивањето на оваа награда токму на фестивалот на брзината го прави ова достигнување уште позначајно бидејќи Гудвуд ги слави иновациите, перформансите и автомобилската страст – вредностите што отсекогаш биле во срцето на брендот MG. А токму S5 EV ја покажува нашата посветеност да ја направиме електричната мобилност подостапна без компромиси во што оваа награда нé охрабрува да продолжиме.”
Дан Варди нагласи дека ова е прв пат во историјата на AutoBest жирито да го сподели своето гласање со возачите ширум Европа кои со огромно мнозинство гласаа за MG S5 EV. Ова е најјасен доказ дека SAIC Motor и MG направија брилијантна работа во комуницирањето на напредните технологии што се нудат низ моделите на марката. Токму тоа се покажа како клучен фактор за MG S5 EV меѓу финалистите на AutoBest Conquest натпреварот.”
AutoBest наградата за најдобар прифатлив пакет автомобилски технологии во Европа го нагласува растечкото значење на достапноста на напредните технологии за поширока публика. MG се издвои со тоа што понуди извонреден баланс помеѓу иновациите, интелигентниот инженеринг и прифатливите цени, успешно одговарајќи на очекувањата и на жирито на AutoBest и на европските купувачи. Новиот формат на AutoBest Conquest воведе сосема нов пристап кон независното автомобилско препознавање и стана најголемиот независен настан за автомобилска забава во живо од ваков вид, зближувајќи ја публиката, автомобилските брендови, новинарите и учеството на јавноста во иновативен и многу ангажирачки формат.



