Dacia тргнува во силна офанзива во Ц-сегментот
Самото име на моделот Striker кое доаѓа од англискиот израз кој означува прецизен погодок во метата покажува кои се амбициите на Dacia. За нивно остварување марката се погрижи да го понуди овој кросовер кој ги спојува динамичноста на караваните и практичноста на простран компакт со различни погонски системи. Аеродинамичната силуета и нагласено стрмниот преден крај го надополнува новиот современ светлосен потпис. Посебно внимание е посветено на деталите – препознатливите линии, сјајно црниот елемент кој ги поврзува задните светла и стилските инсерти со зрнаста текстура кои дополнително го нагласуваат издржливиот карактер на возилото.
Striker чија задача ќе биде да ја надополни понудата на Dacia под Bigster ќе вклучува хибридни изведби со погон само на предните или сите четири тркала но и верзија на течен нафтен гас. И таа е хибридна со технологија на 48 волти и достапна со шестстепен мануелен или автоматски менувач и од својот 1,2 литарски трицилиндричен турбомотор испорачува номинални 140 коњски сили. Вистинскиот хибрид доаѓа како комбинација на 1,8 литарски бензински агрегат со два електромотора поврзани со иновативна трансмисија без спојка со четири степени за моторот со внатрешно согорување и два за електричниот погон и располага со системски 155 коњи. Во понуда уште е и благиот хибрид со 150 коњски сили и погон на сите тркала со шестстепен менувач со двојна спојка.
Со својата почетна цена под 25.000 евра, Striker сигурно ќе донесе нелагодност кај конкурентите, посебно кај Škoda директно напаѓајќи ги полутеренските изведби на Octavia.





