Дали ренесансата на групацијата предводена од Peugeot означува нова распределба на улогите во глобалната автомобилска индустрија?
Кина е најважен пазар за производителите на автомобили, вклучувајќи го и Стелантис, кој го гледа најголемиот автомобилски пазар во светот како почетна точка за својата глобална стратегија.
Кон крајот на минатата недела, групацијата Stellantis склучи договор за стратешка соработка со Dongfeng Group за проширување на нивното 34-годишно партнерство преку заедничко производство на возила Peugeot и Jeep во Кина за кинескиот пазар и за продажба низ целиот свет. Не е тајна дека основата е DPCA Со (Донгфенг Пежо Ситроен Автомобил Компани) на чии плеќи лежи респектабилно долгото партнерство со седиште во Вухан.
Токму од таму се очекува да започне остварувањето на трансформацијата. По вложување на 1 милијарда евра, во кое Stellantis ќе допринесе со 130 милиони евра, благодарение на технологиите за интелигентни електрични возила што ги разви Dongfeng, ќе започне со производство во 2027 на две нови електрични возила Peugeot, кои ќе бидат базирани на дизајнерскиот јазик на неодамна претставените Peugeot Concept 6 и Concept 8.
Кина ќе стане клучен производствен центар во планот за глобална трансформација на Peugeot, со цел да достигне извоз од 500.000 примероци до 2030 година. Надворешниот изглед на Peugeot Concept 6 е елегантен shooting brake.
Компанијата изјави дека неговиот дизајн е наменет да го евоцира долгото наследство на гранд туринг каравани. Concept 8 е претставен како претпремиера за иднината на големите теренски возила.
Неговиот дизајн се чини дека е поаеродинамичен од традиционалните теренски возила, но вклучува моќен став и големи пропорции. Не беа објавени детални спецификации за ниту едно од новите концепт возила за време на автомобилскиот саем во Пекинг, но повеќе од јасно е дека и двете ќе користат технологии на Dongfeng пресвлечени во лавовскиот дизајн и дотерување на возните својства на Peugeot кои почиваат на 100 годишното искуство на „лавот од елисејските полиња“ во мотоспортот.


