VW фокусиран на максимална економичност

Електричното купе Mission Efficiency, базирано на моделот ID. Polo, веќе постигна тестирана автономија од 644 км со мала батерија од 54 kWh.

Брзината возбудува, но VW смета дека и ефикасноста може да го стори истото. Од Волфсбург доаѓа нов концепт на електрично возило со екстремно мала потрошувачка, кое го отсликува стилот и духот на нивниот впечатлив модел XL1 од 2013 година.

А бројките се навистина импресивни. Наречено „Mission Efficiency“, ова купе со конфигурација на седишта 2+2 има форма на капка вода. Таа аеродинамична форма и тесните гуми (ширина од 155 мм), слични на оние на манекенките, придонесуваат за коефициент на отпор на воздухот од 0,158.

Под надворешната обвивка, „Mission Efficiency“ всушност претставува новиот ID. Polo, електричен хечбек поставен на платформата MEB+ на VW наменета за електрични возила. Еден електромотор со моќност од 135 КС ги придвижува предните тркала, овозможувајќи забрзување од 0 до 100 км/ч за 9 секунди. Под подот е сместена батерија со капацитет од 54 kWh.

И додека стандардниот ID. Polo постигнува потрошувачка од околу 8,5 км по kWh, овој концепт забележа 10,48 км по kWh. На реално патување од 1.278 км од седиштето на VW vo Волфсбург до Виена, Австрија, возилото постигна досег еквивалентен на 663 км со едно полнење.

Инженерите на стаклената површина додадоа и фотоволтаичен панел од 370 W, за кој се проценува дека при поволни временски услови може да обезбеди домет од 30 километри дневно.

Mission Efficiency можеби нема да доживее да биде комерцијализиран, но поважно од тае е фактот дека многу технички решенија од него ќе бидат аплицирани во идните електрични модели на VW.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER