Nissan во својата фабрика во Сандерленд, Велика Британија, започна со производство на третата генерација на електричниот Leaf.
Моментот е значаен бидејќи е конкретен чекор во спроведувањето на стратегијата наречена EV36Zero која ги поврзува производството на автомобилите, батериите за нив и обновливите извори на енергија.
Вложувајќи во него 450 милиони фунти Nissan јасно покажа дека смета на долгорочната електрификација. Трансформацијата на фабриката во која работат 6.000 луѓе ѝ донесе 137 нови преси, 78 високотехнолошки роботи и 475 автоматизирани возила за достава на деловите и компонентите на монтажната лента.
За тоа е направено дигитално мапирање на целиот простор а се користи и виртуелна реалност која помага за побрзо идентификување на застоите, попрецизно планирање и овозможува поголема флексибилност на производството.
Посебно е интересна новата станица за вградување на батериите каде тие во целосно автоматизиран процес со 26 завртки се фиксираат за само 56 секунди. За совладување на новите технологии вработените поминаа вкупно 360 илјади часови обука. Покрај Leaf од идната година тука ќе започне производството и на електричниот Juke



