Mercedes-Benz CLA Hybrid – Германец од мешан брак

Хибридната верзија на CLA не е толку германскa колку што Mercedes сака да мислите дека е!

Новиот компактен седан CLA е атрактивно обликувано возило и ги содржи сите атрибути што Mercedes-Benz ги негува, но хибридната верзија е малку поинаква од другите. Не само што носи нов хибриден погон, овој CLA користи и мотор кој не е од куќата, туку е набавен од Кина.

Да, вашиот следен германски автомобил можеби доаѓа со кинеско срце. Визуелно, останува блиску до целосно електричните варијанти на CLA што веќе се претставени, но под хаубата е напојуван од 1,5 литарски турбо-бензинец со четири цилиндри со невообичаено висок однос на компресија од 12:1.

Штутгартската ѕвезда тврди дека го „развиле“ овој нов мотор, иако она што не го истакнува отворено е дека е развиен заедно со кинески бренд и ќе се произведува во фабриката на кинескиот партнер, а потоа ќе се испорачува во Mercedes за монтажа.

Моторот работи заедно со електричен мотор вграден во осумстепениот менувач со двојна спојка и 48 волтен литиум-јонски батериски пакет со капацитет од 1,3 kWh. За да се зголеми ефикасноста, Mercedes забележува дека CLA 220 може да работи исклучиво на електрична енергија со брзина до 100 км/ч. Исто така, може да обнови до 25 kW при сопирање.

Сѐ на сѐ, хибридниот CLA 220 испорачува 208 КС и 380 Nm вртежен момент. Mercedes вели дека може да достигне стотка за пристојни 7,6 секунди, а потоа да продолжи до 209 км/ч. Неговата тежина е 1.630 кг.

Како готов производ CLA излегува од фабриката во Раштат, за кинескиот пазар се слкопува во Пекинг каде Mercedes има своја фабрика, а исто така ќе се користи и унгарската фабрика во Кечкемет.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER