BYD Аtto 2 – Стартува продажбата во Европа

За да ги поддржи своите амбициозни планови за проширување на продажната мрежа од илјада на две илјади дилерски места идната година, BYD во Европа го лансираше малиот Atto 2 кој ќе биде достапен со две погонски групи. Електричната верзија на субкомпактниот кросевер долг 4,3 метри ќе има батерии од 45 киловат-часа и автономија до 500 километри.

Ќе го задвижува електромотор со 174 коњски сили а цената се очекува да стартува од 34.000 евра. Подоцна се очекуваат и изведби со поголеми батерии. Интересна за купувачите ќе биде и суперхибридната DM-i варијанта со напредни технологии веќе докажани кај Seal U и Seal 6.

Нејзини клучни компоненти се  два електромотора со интегриран контролер, Blade батерии и високоефикасен 1,5 литарски бензински агрегат. Развиен посебно за оваа намена доаѓа со две нивоа на излезна силина од 166 и 212 коњски сили и главно служи за полнење на батериите.

Но кога е потребна поголема сила системот автоматски преминува во паралелен хибриден начин на работа и го ангажира за задвижување на тркалата. Оваа верзија на Atto 2 постигнува потрошувачка од само 1,8 литри на сто километри а со полни батерии и резервоар со гориво има вкупна автономија од илјада километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER