Hyundai Venue доби нова генерација (видео)

Помодерен, полуксузен, ама не е за Европа

Најмалиот кросовер на корејската марка пред да се појават Casper и Exter доби ново издание – шест години по појавувањето на првата генерација дојде време за промени. Venue сега е помодерен и полуксузен ама и понатаму останува недостапен за купувачите во Европа на кои како алтернатива им се нуди Bayon. Се произведува во Индија која воедно е и негов најголем пазар каде ужива голема популарност.

Наизглед е помоќен и поагресивен за што заслуга имаат помасивните лакови на тркалата и изразените браници. Маската е поширока и без хромирани елементи а предните светла имаат потполно нови распоред – главните се вертикално поставени со LED дневни во облик на куки од страните и дополнителни сегменти над нив кои се протегаат низ целата широчина на возилото додека задните се групирани во правоаголна форма.

Должината остана иста – 3.995 mm заради индиските прописи за оданочување меѓутоа останатите димензии пораснаа – ширината за 30, висината за 48 а меѓускиното растојание за 20 mm. Внатрешноста донесува закривена инструмент-табла со споени екрани што заедно со другите детали целиот амбиент делува помодерно. Иако е мал и евтин и наменет за пазар кој не е толку пребирлив, Venue има некои работи кои во Европа се ретки и кај поголеми возила, како што се безжичното полнење на телефон и вентилација на предните седишта.

На својот домашен пазар ќе биде достапен са три погонски единици – бензински атмосферски 1.2 мотор со 83 KS, трицилиндричен 1.0 турбо со 120 KS и 1.5 дизел со 116 KS. Мануелната опција е достапна кај сите, а најмоќниот може да се добие и со седумстепен автоматизиран менувач со двојна спојка. Цените ќе бидат познати набргу.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER