На денешен ден 1968 година Opel го претстави спортскиот GT
Оние кои го паметат со носталгија се присетуваат на атрактивното купе поставено на механиката на Kadett, чија каросеријата ја произведуваше француската компанија Brissonneau & Lotz. Неговото претставување беше вистинска сензација, бидејќи никој не очекуваше таков спортски автомобил со знакот на конзервативниот Opel. Идејата да се подготви европски еквивалент на Chevrolet Corvette испадна полн погодок.
Умно обмислен тој ги испровоцира купувачите кои беа одушевени од понуденото за сосема разумната цена од 11.300 германски марки, еквивалент на денешни 25 илјади евра. За тие пари се добиваше наизглед ултимативен спортски автомобил со должина од 4,1 метар и 1,1 литарски мотор со 60 коњски сили. Вистинскиот темперамент го обезбедуваше 1,9 литарскиот мотор од Rekord со 90 коњи, со кои засиленото подвозје добро се справуваше. Четиристепениот менувач овозможуваше забрзување до 100 километри на час за сосема солидни 11,5 секунди, а заради одличната аеродинамика уверлива беше и максималната брзина од 185 километри на час.
Сето ова беше доволно до 1973 година кога престана да се произведува да бидат продадени 103.463 примероци, од кои повеќе од половината во Соединетите Американски Држави.




