Просечната продажна цена на нов автомобил во Америка достигна рекордно ниво
Купувањето нов автомобил никогаш не било лесно дури и за богатите земји – просечната продажна цена во Соединетите Американски Држави во септември надмина 50 илјади долари што е за 2,1 отсто повеќе во споредба со август. Иако се невообичаени бидејќи пазарот таму со години бележи постепен и стабилен раст овие рекордни бројки не изненадуваат. Напротив може да се каже дека вакво нешто беше очекувано како последица на политиките на претседателот Трамп. До нив се дојде како комбинација на повеќе фактори – поскапувањето на возилата заради царините и исфрлањето на поевтините модели од понудата, но и зголемената побарувачка на електрични автомобили заради укинувањето на субвенциите. Статистиката понатаму вели дека учеството на возила со цена поголема од 75 илјади долари изнесувало 7,4 отсто од вкупната продажба а на електричните 11,6 отсто што исто така е рекордна бројка. Нивната просечна цена сепак не е многу повисока и изнесува нешто над 58 илјади долари. Пред десет години просечната цена на нов автомобил во Америка изнесуваше околу 33.600 долари.


