Норвешка ги зголемува цените на возилата

Мисијата е исполнета, се враќаме на старо

Откако учеството на електричните возила во вкупната продажба достигна 98,3 отсто а секој трет автомобил на патиштата е електричен, Норвешка се враќа на старо – за купување електричен автомобил поскап од 27.000 евра повторно ќе се плаќа ДДВ од 25% – досега беа ослободени оние со цена до 45 илјади евра. Измените во легислативата треба да стапат наскоро бидејќи националниот буџет за идната година е проектиран со овие бројки. Тоа сигурно ќе доведе до експлозија на продажбата ова малку преостанато време а потоа и со намалување на вкупните бројки. Мисијата сепак е исполнета – со мудра фискална политика Норвешка го електрифицираше пазарот на автомобили. И вложувања во инфраструктурата беа сериозни – земјата има копнена површина од 324 илјади квадратни километри на кои живеат 5,6 милиони луѓе, а од еден до друг крај е долга отприлика 1.750 километри. Вкупно се инсталирани повеќе од 37 илјади полначи.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER