Автомобилската индустрија започна да ги чувствува последиците на проблемите кои се таложеа повеќе години
Ако порано производството паѓаше а профитите на автомобилските компании растеа, сега е обратно. И тоа драстично – според анализите направени врз основа на резултатите од работењето во првите шест месеци во светот се продадени за 3 отсто повеќе возила но истовремено добивките се намалени за дури 69 отсто. Притоа просечната нето профитна маржа е опадната од 6,1 на само 2 отсто, а, просечната цена на продадените возила се има намалено за 5,3 отсто. Порастот на продажбата го имаат предводено Toyota, BYD и Geely, додека пак најлошо поминаа Stellantis и Tesla. Најголемо влијание на намалувањето на приходите имаа кинеските производители и нивната ценовна војна на домашниот пазар, но и растечките трошоци во Европа и последиците од царините на Трамп. Дека нема многу надеж за подобри трендови сведочи и тоа што само неколку производители успеаја да забележат поголеми добивки. Транзицијата кон електричната иднина сепак треба да се плати.