Пристигнува Ferrari Elettrica

Уште само малку остана…

Првиот електричен модел на марката од Маранело ќе го видиме за многу кратко време – премиерата е закажана за 9 октомври. Инженерите на Ferrari на него забрзано работат успешно сокривајќи ги деталите од јавноста. И тоа неколку години – единствено што се знае иако ни тоа не е дефинитивно е дека ќе се вика Elettrica. Тој досега подгреваа многу шпекулации од кои најгласната е дека ќе биде кросовер, што има логика бидејќи веројатно е дека овој модел би имал четири врати, бил кросовер или не, со што Ferrari покрај постоечките ќе привлече и нов круг купувачи. Кружат гласини и дека би имал мотори во тркалата иако тоа е чиста претпоставка. Она што е сигурно е дека и електричниот Ferrari ќе ја има истата душа и ќе предизвикува емоции како и неговите високооктански браќа, што би било поддржано со систем за генерирање звук на класичен мотор кој марката го има патентирано во 2023-тата. Цената ни оддалеку не е позната која се очекува да изнесува околу половина милион евра. Ќе мора да се стрпиме уште малку…

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER