Револуција на перформансите
Нановото лансирање на GSE спортската линија модели Opel го одбележа на бомбастичен начин – со концепт истовремено подготвен за вистинскиот и виртуелниот свет. Corsa GSE Vision Gran Turismo премиерно ги покажа карактеристиките на претстојните електрични модели наменети за бескомпромисните кога перформансите се во прашање. А тие се импресивни – љубителите на брзината ќе можат да ги почувствуваат во можеби најпознатата тркачка симулација Gran Turismo каде нејзините 800 коњи ќе ја забрзаат до 100 km/h за само две секунди и дотераат до максимална брзина од 320 km/h.
За овие бројки заслужен е и аеродинамичниот дизајн кој плени со агресивноста – острите линии, прецизните контури и техничките детали му обезбедуваат недвосмислен карактер. Ги забележуваме специјалните завесички на предните и задните крила, ефикасните аеро тркала, активниот дифузор и аеродинамичниот спојлер кои на автомобилот му даваат оптимален баланс меѓу изгледот и перформансите. Како што доликува внатрешноста инспирирана од тркачките патеки со својот минималистички концепт на возачот ќе му нуди од ништо неконтаминирано искуство. Малиот спортски управувач овозможува совршен поглед на head-up дисплејот додека дополнителните екрани целосно се елиминирани – сé во функција на максималната концентрација и уживање во возењето.
Opel со овој концепт всушност сакаше да покаже дека трите букви GSE врежани во колективната меморија на љубителите на марката во иднина ќе бидат симбол за спој на технологиите, перформансите и иновациите. Колку тие ќе ги поместуваат границите на вообичаеното купувачите ќе можат да дознаат кај Mokka GSE која веќе е достапна за нарачки. Располага со 281 коњска сила кои ќе ја лансираат до 100 km/h за 5,9 секунди, максималната брзина што ја постигнува изнесува двојно повеќе а цената во Германија е поставена на 47.300 евра. Првите купувачи ќе ги добијат своите примероци пред крајот на годината.





