Peugeot 308 и 308 SW – За возењето да се сака повеќе (видео, фото-галерија)

Моментот дојде – после четири години на пазарот Peugeot и на 308 му даде нов изглед и нови способности

Се чинеше дека неправедно е запоставен откако другите модели околу него добија нов преден дел со помодерен и поагресивен дизајн, но 308 не се дава така лесно – обновен сега нуди повеќе љубов кон патот за возењето да се сака повеќе и да се ужива во него. Свежиот изглед е проследен и со зголемена секојдневната употребливост која ќе воодушеви – широкиот спектар рафинирани и ефикасни погонски склопови вклучувајќи го и 100% електричниот кој сега нуди до 450 km автономија силно го поткрепуваат тоа.

Привлечноста на францускиот шарм најдобро го илустрира осветлениот амблем на марката кој како вистински потпис на брендот за прв пат се среќава во гамата на Peugeot. Предниот дел сега го красат новата маска и светлата налик на три канџи . Делувајќи смело и елегантно, со својот впечатлив стил тие му даваат продорен изглед на освежениот 308 чиј моќен став е нагласен со мускулестите рамења. И визуелно облагородениот заден дел се карактеризира со три наклонети ЛЕД канџи поставени од двете страни на елегантната црна лакирана лента над амблемот на марката.

Рафинираноста на измените продолжува во ентериерот во чиј чист и пријатен дизајн беспрекорно се интегрирани инструмент таблата, централниот екран на допир и главните контроли. Уникатната архитектура на инструмент таблата е направена така да ослободи максимален простор за патниците напред. Висококвалитетните материјали меѓу кои вистински алуминиум и алкантара дополнително го подобруваат чувството на удобност. Заедно со прилагодливото амбиентално осветлување, одличната практичност и секојдневната употребливост која и досега беше моќен адут на моделот. Секако, какао клучен елемент се јавува и познатиот i-Cockpit со својот компактен управувач, head-up дисплеј и контролите лоцирани на централниот дел од таблата која е малку ориентирана кон возачот.

Задоволство во возењето и динамичното однесување на патот се оптимизирани со ниската положба на седење и квалитетот на придушувањето на вибрациите што го обезбедува ослонувањето. Обновениот 308 во хечбек и караванската верзија ќе се нуди со четири вида погонски групи – електрична, плаг-ин хибридна, хибридна и дизел, спарувани со пет нивоа на опременост. Настапувајќи како еволуција што дополнително ја засилува привлечноста, e-308 располага со 156 KS и 270 Nm вртежен момент. Архитектурата работи на 400 волти а батериите располагаат со 55,4 kWh употреблив капацитет. Плаг-ин хибридот може да се пофали со 195 комбинирани коњски сили извлечени од 1,6 литарскиот мотор спарен со седумстепен менувач со двојна спојка, додека електричната испомош обезбедува 85 km чисто возење. За поконзервативно расположените обичниот хибрид поврзан со шестстепен електрифициран менувач со двојна спојка нуди 145 KS додека 1,5 литарскиот дизел со 130 коњски сили и осумстепена автоматика и понатаму се наметнува како интересна опција.

Како и сите други модели на марката и обновениот 308 ќе може да ги уверува купувачите во својата издржливост со гаранцијата од осум години или 160.000 km благодарение на Peugeot Care програмата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER