AUDI E5 Sportback – Изненадувачки евтин

Како е можно AUDI да има толку ниска цена???

Со новиот ребрендинг за Кина, каде Audi се откажа од прстените, најави дека ќе се посвети на чисто електрични модели по компетитивни цени. Тоа и се случи, но по неверојатно ниски цени, барем за нас од Стариот континент.

Новиот модел за кинескиот пазар на тамошниот AUDI, E5 Sportback, комбинира луксузни карактеристики, голема моќност, напредна технологија со цени што ги изненадија и самите Кинези. Замислата е едноставна – спој на германскиот инженеринг и квалитет на изработка со напредните технолошки карактеристики што кинеските производители на автомобили ги направија како свој заштитен знак.

Ќе бидат понудени четири различни верзии на E5: Pioneer, Pioneer Plus, Pioneer Quattro и Flagship Quattro. Цените за основниот Pioneer започнуваат од 235.900 јуани или 28.155 евра. Оваа верзија доаѓа со електричен мотор монтиран на задната оска кој испорачува 295 КС и е опремена со батерија од 76 kWh. Според кинескиот циклус на тестирање на автономијата (CLTC) може да помине 618 км. Второто ниво е моделот Pioneer Plus.

Го задржува погонот на задните тркала, но моќноста е зголемена на 402 КС со стандардна батерија од 100 kWh способна да го храни електро-моторот за 773 км. Со иста цена почнува Pioneer Quattro со батерија од 83 kWh, но два мотори, кои испорачуваат комбинирани 518 КС и поминуваат 623 км со едно полнење. Најопремената верзија Flagship Quattro има цена од 319.900 јуани, односно 38.180 евра, опремена е со батерија од 100 kWh кои овозможуваат автономија од 647 км и испорачува импресивни 776 КС.

Тоа е доволно добро за да го испрати до 100 км/ч за само 3,4 секунди. Сите модели на AUDI E5 Sportback стандардно доаѓаат со LiDAR, 11 камери и 12 ултразвучни радари за напреден систем за помош на возачот. Во внатрешноста на новиот електричен автомобил доминира огромен 59 инчен екран кој се протега по целата ширина на контролната табла и вклучува дисплеи за дигиталните странични ретровизори.

За Audi, кабината е доста минималистичка, пресвлечена во мека кожа и алкантара и со два безжични полначи за телефони. Испораките на E5 Sportback ќе започнат следниот месец. Засега, моделот останува ексклузивен за Кина, иако неговата комбинација од цена, моќност и технологија би можела да го направи привлечен кандидат за извоз ако побарувачката се покаже силна.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER