Од Франција ни доаѓа уште едно уметничко дело
Овој пат на четири тркала и со хрватска испомош – Rimac Bugatti го претстави најновиот модел. Овој ултраексклузивен автомобил е дел од новата персонализирана програма замислена како прослава на грациозноста и елеганција вкоренети во единствените креации на францускиот производител, и тоа во најмногу два примерока годишно. Почитувајќи го богатото наследство на марката, таа е посветена на создавање уникатни автомобили според желбите на купувачите.
Наречена Solitaire, прво нејзино остварување е Brouillard и претставува автентично толкување на визијата без ограничувања, со флексибилност да се истражуваат крајните граници на техниката. А таа не е многу оддалечена од W16 платформата на Mistral бидејќи и самата е врв на возможното. Има некои 1.600 коњски сили што во овој случај воопшто и не е битно – она што е битно ќе го знае само оној кој имал многу среќа да го добие и уште повеќе пари да плати за тоа.
Што друго и да се каже за ова што го гледате на фотографиите и видеото е вишок.

























