На денешен ден пред 60 години сопственикот на Lotus Колин Чепмен беше уапсен во Холандија
Приказната е како од филм – за време на големата награда која се возеше на патеката Зандворт, еден од полицајците задолжени за обезбедување на трката непосредно пред стартот го забележал сопственикот на Lotus како се вртка во боксовите без пропусница. Тој всушност ја носел со себе но тешко забележлива закачена на погрешно место и полицаецот сосема нормално се обидел да го отстрани. Човекот неупатен во формула 1 воопшто не ни знаел со кого разговара а Чепмен во моментите исполнети со адреналин му стегнал една по муцка. Трката завршила со победа на Џим Кларк но во боксот на Lotus немало можност за славје – дошла полиција и го однела нивниот шеф во затвор каде преноќил за утредента адвокатот да го извлече без посериозни последици.


