Како што вети зимава кога најави, Geely го донесе плаг-ин хибридниот Lynk & Co 08 во Европа.

Но иако со испораките ќе стартува веќе наредниот месец, деталните спецификации повторно останаа тајна. Официјално се знае само дека ќе има електрична автономија од дури 200 километри, заради што се очекува да биде вистински хит меѓу купувачите. Створен да направи храбар исчекор во светот на електрифицираната мобилност, ќе нуди и максимум удобност и безбедност. Опремен е со дваесетина напредни системи за помош на возачот а полнењето на батериите кое може да се врши со моќност до 85 киловати ќе трае нешто повеќе од половина час. Ентериерот го облагородуваат пливачкиот централен екран од 15,4 инчи и Harman Kardon аудио системот со 23 звучници, а панорамскиот покрив и интелигентното гласовно управување го дополнуваат премиум чувството во возењето. Овој кросовер долг 4,8 метри во Кина се нуди во верзии со еден или два електромотора кои заедно со 1,5 литарскиот бензински агрегат испорачуваат вкупно 593 коњски сили. Претставен е 2023-тата а лани од него се испорачани околу 80 илјади примероци. Цените во Европа стартуваат од 53 илјади евра. Погледнете го видеото, ќе бидете пријатно изненадени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER