Најголемиот пазар во ЕУ е германскиот и дава добар преглед на случувањата во Европа
Во првите четири месеци од 2025 година, во Германија беа регистрирани вкупно 907.299 патнички автомобили, што претставува пад од -3,3% во споредба со претходната година.
Она што ги радува статистичарите, барем во Германија, е тоа што VW Group останува лидер на пазарот со 389.727 нови регистрани возила.
Уште еден член на семејството е на победничкиот претстол. Škoda која има раст од 3,7% и го надмина Audi кој прокнижи 69.005 нови регистрации. Зато пак, BMW бележи 76.704 нови регистрации,што е скок од истиот период лани за 2,0%, но Mini забележа пад од 11,2%.
Ништо подобар не е ниту Opel кој регистрира пад од 23,6%. Од групацијата Stellantis само Peugeot постигна мало покачување од 2,4%, додека FIAT се соочи со пад од 20 отсто.
Она што е интересно е фактот што јапонските производители бележат огромен пад на продажбата. За Mitubishi не е никакво изненадување (-48%), но падот на Toyota од 16,4% е шок.
Рози не цветаат ниту за Hyudai и KIA чија продажба се нурна во негатива од 12,4%. Зато пак Кинезите газат јако. Тие постигнаа значителен раст.
Особено BYD кој прокнижи импресивен пораст од 384,5! Најголем губитник е Tesla чиј скор е исклучително низок. Дури 60,4% е падот на Господинот Маск.
Интересно што, маргиналецот во сферата на ЕВ, Ford прокнижи позитива од 4,1%. Ова се само забелешки од првите четири месеци на пазарот. Поголеми превирања во иднината не се очекуваат, или..?


