Експертите долго време предупредуваат на ризиците од преоптоварувања на енергетската мрежа што неминовно следат со помасовното користење на електрични возила.
Имено тие најчесто се полнат доцна попладне и навечер кога учеството на струја произведена од соларните панели е многу мало, а потрошувачката кај домаќинствата зголемена.
Одржувањето на балансот не е едноставна работа – бара прецизно планирање и предвидување на можните испади што како реален проблем досега го признаа само неколку европски земји. Но неодамнешниот колапс на енергетската мрежа што ги зафати Шпанија и Португалија покажа и нешто друго.
Причините за него не се поврзани со електричните возила но токму тие со своите способности за напојување надворешни уреди спасија од мрак дел од домаќинствата таму. Такви способности имаат поголем дел од возилата но потребно е и полначите да ја подржуваат таа можност. Ако е така просечен електричен автомобил со своите полни батерии може целосно да снабдува со струја еден дом неколку дена, дури и повеќе од една недела.
Полнењето на батериите сепак останува проблем кој ќе ја оптоварува мрежата посебно во земјите кои во поголем дел се базираат на соларната енергија и струјата од ветерници а не на термоелектраните на јаглен или нуклеарните централи.

