Со изведбата vRS, Škoda ги надгради двете изведби на Enyaq
Втората генерација на електричниот кросовер Enyaq и неговата Coupe изведба се закитија со значката vRS.
Во пракса тие добија 30 kW поголема моќност во новото издание. Двата мотори со комбинирана моќност од 250 kW (340 КС) го забрзуваат Enyaq од 0 до 100 km/h за 5,4 секунди, а максималната брзина е ограничена на 180 км/ч. Зголемена е моќноста на полнење до 185 kW.
Стандардната автономија остана 550 километри, но Enyaq vRS Coupé дофрла десет километри повеќе. И двете каросериски изведби се способни за двонасочно полнење и се аеродинамично оптимизирани. Спортската суспензија го спушта Enyaq RS за 1,5 сантиметри напред и еден сантиметар назад.
Амортизерите може да се прилагодат во поширок опсег и нудат до 15 прилагодливи параметри во Индивидуален режим на возење. Изборот на модуси на возење е проширен за да вклучи режим за погон на сите тркала и додени се два звука на профилите на возење.
Стандардната опрема вклучува електрично прилагодливо седиште за возачот со функции за меморија и масажа, како и лумбална потпора, загреван спортски волан со три краци, предни спортски седишта со интегрирани потпирачи за глава и педали во изглед од не’рѓосувачки челик. Оние што не им е доста, можат да доплатат за еден од двата посебни дизајни на ентериер.


