Mazda EZ-60 – Од Кина со љубов

Кога Mazda го престави електричниот седан EZ-6 кој е ребрендирана и стилски разубавена верзија на кинескиот Deepal L07, западните производители се потсмеваа…

Но сега со премиерата на кросоверот EZ-60 Јапонците се тие што имаат насмевка на лицата – во првите 48 часа собраа преку 10.000 нарачки за него. Дека ќе биде предодреден за успех се знаеше уште со претставувањето на концептот Arata лани во Пекинг.

Се знаеше и дека нема да биде чистокрвна Mazda туку продукт на соработката со Changan, исто како и EZ-6. Има слични спецификации бидејќи техничката основа е иста – мултиенергетска платформа подготвена за електричен погон со или без бензински мотор како продолжувач на автономијата или пак во плаг-ин изведба.

Засега се познати ограничен број технички детали кои ќе бидат искристализирани кога ќе тргне на пат кон глобалните пазари, меѓу кои и Европа каде ќе пристигне веројатно под ознаката CX-6e. Кога точно ќе биде тоа, не е објавено.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER