Пет ипол години по трансформацијата, фабриката на Volkswagen во Цвикау ја напушти милионитото електрично возило. Во неа во моментов се произведуваат шест електрични модели на групата меѓу кои и Volkswagen ID.3 GTX каков што беше јубилејниот автомобил. Но додека работниците го славеа успехот раководството сепак го дочека со кисела насмевка – пониската заработка од очекуваната и намалениот интерес на купувачите за електричните возила им создава главоболки.
И тоа не мали – во продажниот микс на Volkswagen секое петто возило е електрично заради што оперативната маржа на групата за првиот квартал се намали на 4 проценти. Компанијата сепак не се откажува од зацртаниот електричен пат и идната година ќе навлезе во сегментот возила со цена под 25 илјади евра.


