Longbow – Амбициозни новајлии

Новоформираната британска компанија Longbow реши да ги предизвика Tesla и Lucid со нивните формули за успех.

Ова не е случајно бидејќи нејзините двајца основачи се поранешни инженери кои имаат работено таму.

Најавените два спортски автомобили наречени Speedster и Roadster треба да се одликуваат со мала тежина, супериорни перформанси и пристојна цена.

Во фокусот сепак најмногу ќе биде перфектниот баланс на сите карактеристики за што ќе се погрижи алуминиумската платформа од сопствен развој.

Погонската механика која ќе биде преземена од некој друг производител ќе биде сочинета од еден електромотор со 330 коњски сили сместен назад кој ќе обезбедува забрзување до 100 километри на час за 3,5 секунди.

Очекуваната автономија е околу 440 километри. Прототипите ќе бидат готови налето, а производството за кое сé уште не е договорено каде ќе се одвива треба да започне идната година. Speedster се очекува по почетна цена од 85.000 британски фунти а Roadster за поприфатливи 65.000 фунти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER