Renault 5 Turbo 3E – Доаѓа во 2027 година и ќе биде папрен

Производството потврдено во 1980 нумерирани примероци

Пред три месеци го најави, а сега Renault го потврди производството на R 5 Turbo 3E, како што самите го нарекуваат, „првиот мал електричен суперавтомобил“.

Иако дели многу од изгледот со веќе постоечкиот  R5 E-Tech Electric, електричната ракета со 540 коњи и вртоглави 4.800 Nm вртежен момент во голема мерка се разликува од него и ќе нуди бројни опции за персонализација. R5 Turbo 3E ќе биде граден врз архитектура од  800 волти, а полнењето од 15 до 80% на батеријата од 70 kW ќе трае само 15 минути на полнач силен 350 kW.

Кога веќе се споменуваат разликите неопходно е да се спомене дека во однос на цивилната електрична верзија меѓуоскиното растојание е за 30 милиметри поголемо, кабината е подолга за 16 сантиметри а ветробранското стакло поставено е под поголема косина. Благодарение на двата електрични мотори поставени на задната оска R5 Turbo спринта до стотка за 3,5 секунди, достигнува максимални 270 км/ч и најавената автономија му е до 400 км.

Конструиран да го реинтерпретира духот на култниот Renault 5 Turbo од 80-тата година на минатиот век, Renault 5 Turbo 3E ќе се произведе во само во 1980 нумерирани примероци. Со оглед на бомбастичната прикаска, моќноста, технологијата која ќе биде вградена во него и малиот број предвидени примероци, цената може да биде астрономска.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER