Турција очигледно станува сé поинтересна дестинација за производство на електрични возила. Така смета и Hyundai кој наскоро за тоа ќе започне да ја подготвува својата фабрика таму. Планираните инвестиции ќе бидат најголеми од нејзиното отворање во 1997-ма година и ќе опфатат целосна трансформација на производството. Во оваа фабрика која се наоѓа во градот Измит на околу сто километри од Истанбул досега се произведени повеќе од три милиони патнички и комерцијални возила, од кои голем дел пласирани на европскиот пазар. Во неа работат 2.400 луѓе а производственото портфолиото моменталното ги вклучува i10, i20 и Bayon. Значајно за економијата на земјата е и тоа што околу 55 отсто од деловите и компонентите се добавуваат локално.


