Lynk & Co 08 – Пробиена границата од 1.000 километри

Откако беше доведена во прашање неговата егзистенција, Lynk & Co агресивно започна да ја шири својата понуда и го подготви за лансирање третиот свој модел во Европа.

Означен како 08, тој сигурно ќе им се допадне на купувачите бидејќи станува збор за маратонски плаг-ин кој на струја може да помине дури 200 километри.

Пазарниот потенцијал на овој кросовер го истакнува и способноста батериите за 33 минути да му се наполнат до 80 отсто од капацитетот. Долг е 4,8 метри и ја дели техничката основа со Volvo XC40 која вклучува 1,5 литарски бензинец и два електромотора со вкупна моќност од дури 593 коњски сили.

Лани во Кина од него се продадени 80 илјади примероци, а во Европа ќе може да се купи за 53 илјади евра. Очигледно Geely ги менува правилата на игра подготвувајќи терен за поголеми пазарни успеси во годините што следат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER