Гранд Ауто во тандем со ФФМ

Флота возила сочинета од моделите на Ford и Hyundai ќе биде на располагање на Фудбалската федерација на Македонија

Гранд Моторс, официјалниот увозник за Македонија на Ford, Hyundai, Chery и MG склучи договор за поддршка на ФФМ и нашите национални репрезентации. Гранд Ауто ќе обезбеди флота возила од Ford и Hyundai за потребите на федерацијата а тоа е во духот на марките што ги застапува.

Токму Ford и Hyundai се неизоставен дел од фолклорот на Европските и Светските првенства на „најважната споредна работа во светот“. Оваа соработка доаѓа во вистински час бидејќи нашите репрезентативци се пред новиот квалификациски циклус за мундијалот во 2026 година. Директорот на Гранд Моторс, Дритон Заири изјави: „Гранд Моторс како компанијата отсекогаш била посветена на прогресот во заедницата и во сообраќајот.

Со новите планови поставена е јасна цел активно да го поддржат развојот на спортот во нашата земја. Затоа, со огромна гордост ја најавуваме нашата соработка со Фудбалската федерација на Македонија, најголемата и највлијателна спортска федерација во земјата. Преку ова партнерство, обезбедуваме возила кои ќе ја поддржат секојдневната работа на Федерацијата, овозможувајќи им целосно да се фокусираат на она што е најважно – развојот на фудбалот и инспирирањето на новите генерации спортисти. Со ова, можеме да бидеме сигурни дека нашиот фудбал ќе биде безбедно и сигурно возен, во духот на одржливоста и иновациите што ги носи современата автомобилска индустрија.

Најразлични модели, од товарни до патнички и комплетно електрични возила ќе бидат дел од нашата поддршка. Фудбалот обединува, буди страст и ја симболизира силата на тимската работа – вредности кои длабоко ги споделуваме во Гранд Ауто“.

Она што е поважно за љубителите на четирите тркала е најавата дека во Гранд Ауто пристигнува петтиот бренд, тоа е британскиот Ineos Grenadier , производител на теренци развиени врз база на минатата генерација на Land Rover Defender.  Пригодно обраќање имаше и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. „Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и „Куќата на фудбалот“  добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто.

Нѐ радува тоа што едни од најпрепознатливите автомобилски брендови, стануваат дел од фудбалското семејство. Уште повеќе поради фактот што просечната старост на возилата во ФФМ до овој момент беше речиси 18 години и повеќе од двесте илјади минати километри. ФФМ никогаш досега немала партнер во име на официјален застапник на автомобилски бренд во овој обем, но тука сме да ги менуваме работите и во овие нецели два месеци, промените се случуваат.

Правиме сѐ за да овозможиме најдобри услови за репрезентациите и нивната логистика, а оваа соработка е токму во таа насока. Верувам дека заеднички со Гранд Ауто ќе се радуваме на нови победи, ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме за нови победи. Благодарност до сите во Гранд Ауто за поддршката и за тоа што верувате во подобра федерација и нови победи за македонската репрезентација, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Од наша страна упатуваме честитки и искрена надеж дека новоформираниот тандем ќе успее да ја оствари нашата желба да се пласираме на мундијалот во 2026 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER