Викенд со GWM и Haval

Генералниот застапник на брендовите Great Wall и Haval – Толту Моторс минатиот викенд организира тест возење на моделите од брендовите што ги претставува во Македонија.

На љубителите на четири тркала им беше овозможено подобро да се запознаат со неколку кросовери и еден пикап кои се пример за современи возила, висок квалитет и долгогодишна гаранција.

Добриот познаник на нашата јавност е кросоверот Haval Jolion кој беше застапен со четири цилиндерски бензински мотор од 1,5 литри моќен 143 КС. Неговиот седум степен автоматски менувач со двојна спојка придонесува на економичноста која е декларирана на просечни 7,5 литри, но оние што сакаат самите да господарат со менувањето понуден им е шест степен мануелен менувач.

Во двете верзии преносот на силата е на предните тркала, а опремен е со бројни електронски асистенти за возачот. Со неполни 4,5 метри должина овој крос овер има доволно место за пет патници и доволно капацитет во багажникот.

Внатрешноста е современо дизајнирана во која купувачите можат да одберат помеѓу четири колорни решенија и несебично опремен амбиент кој не заостанува од оние понудени кај „традиционалните производители“. Дека Haval има решенија за секого потврдува и хибридната верзија на Jolion која испорачува системска моќност од 189 КС, но затоа потребни ѝ се само пет литри бензин за поминување 100 км.

За жал овој модел чини 38.950 евра, што е за 9.000 евра повеќе од бензинскиот брат. За љубителите на теренското возење во фокусот ќе биде  Dargo, модел конструиран одлично да се снаоѓа на асфалтот и урбаното опкружување и да блеска на теренот. Тој има погон на сите тркала кого го напојува дволитрениот бензинец моќен 192 КС.

Dargo е вистински предизвик и со нетрпение би очекуваме да се соочиме со него. Неговата цена започнува од разумни 42.990 евра. За оние што тешките терени не смеат да има бидат пречка во работењето решение е пикапот Poer.

Во двете изведби, патничка и комерцијална, тој има погон на сите тркала, седум степена автоматска трансмисија и товарен простор во кого може да се сместат до три еуро палети со вкупна тежина од 1.050 килограми.

Интересно е што патничката верзија бележи за нијанса поголеми димензии, но двете се идентично опремени и имаат идентична механика.

За сите дополнителни информации, може да гo контактирате Tолту Моторс на 02 2655 655, 078 386563 или пак да ја посетите веб страната www.greatwall.com.mk

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER