Годинешниот „Ден на лавовите“ француската марка го искористи да ја промовира својата определеност на клиентите и екологијата
Новиот извршен директор на Peugeot, Ален Фави, го искористи настанот да го објави смерот и амбициите на марката. „Покрај убавите производи кои се веќе присутни на нашите пазари, со фокусирање на нашите клиенти и зајакнување на нашите партнерства ќе изградиме светла, успешна и одржлива иднина за Peugeot.
Со најшироката постава на електрични возила од која било мејнстрим марка, Peugeot ја потврдува својата амбиција да биде доминантен на европски пазар за ЕВ. Исто така, со своите мулти-енергетски платформи, Peugeot нуди решение за сите потреби на клиентите, од хибридни до ЕВ, од компактен автомобил до кросовер и стопанско возило.
Годинава ќе ја збогатиме својата палета на електрични возила, која е веќе најширока линија на електрични возила во Европа, со лансирање на E-3008 и E-5008 со два електрични мотори и вкупна моќност од 325 КС“ изјави Фави. Воедно, објавена е намерата компанијата дополнително да ја забрза електричната транзиција која се потпира на пет „Е-столбови“. Тие се Електрична енергија (Electricity), ефикасност (Efficiency), искуство (Experience), образование (Euducation) и животна средина (Enviroment).
Во склад со тоа годинава Peugeot ќе ја зголеми понудата на веќе постоечките 12 електрични модели со веќе споменатите модели. Тие ќе комбинираат електромотори поставени на двете оски, на предната од 213 КС и на задната од 112 КС и вкупна моќност од 325 КС. Воедно ќе се претстави и верзија со пет седишта на веќе постоечкиот Е-5008 кој засега се нуди со седум седишта и ќе овозможи багажник од 994 литри.
Што се однесува до ефикасноста, таа е потврдена со неодамнешните резултати направени од ADAC Ecotest на кого Peugeot E-208 и Peugeot E-308 се покажаа како најефикасни електрични автомобили. Воедно кросоверите E-3008 и E-5008 во изведбата Long Range способни се да поминат до 700 километри со едно полнење. Третиот столб е искуството кого го доживуваат корисниците на возилата на Peugeot кое гарантира динамизам и перформанси во возењето на електричните модели.
Фокусот е ставен на осум годишната гаранција или поминати 160.000 километри, осум години гаранција на батеријата, сериско испорачување на домашен полнач со секое ЕВ и пристап до скоро еден милион точки за полнење низ Европа. Преку образованието, кое е четвртиот столб на стратегијата, Peugeot ќе поддржи повеќе проекти со кои ќе се подигне свеста и ефектот на заштитата на животната средина.
Веќе активна е соработката со проектите Born Free насочен кон зачувување на дивиот свет и Under The Pole кој допринесува за подобро разбирање на важноста на сочувувањето на океаните. Во текот на годинава проектот Born Free ќе добие неколку пикапи Landtrek за да ја подобри својата работа во Кенија во резерватот за диви мачки.
Петтиот столб е животната средина во чие сочувување Peugeot ќе вложи поголеми напори. Патот до јаглеродна неутралност не е само декларативен. Во него главната улога ја има електификацијата на возилата, но таа вклучува применување на одржливи индустриски методи и материјал. Во сегашниот процес на производство Peugeot користи 60% од енергијата добиена од чисти извори со цел до 2030-та таа да достигне 100%. Е-3008 е најдобар пример во одржливоста.
Дури 85% од употребените материјали употребени во неговото производство може да се рециклираат. Третиот „Ден на лавовите“ го затвори Ален Фави со изјавата: „Тоа што станав извршен директор на брендот Peugeot ми претставува гордост, но и силно чувство на одговорност. Марката е силна, гамата е комплетна, со уникатна комбинација на електрични, хибридни модели и приклучни хибриди на истите платформи. Уверени сме дека ги имаме сите средства да успееме и да придонесеме за одржлива иднина на утрешната генерација.”


