ЕУ – Унифицирани субвенции за ЕВ

Заклучувајќи дека Европа заостанува во електричната трка, креаторите на економската политика на Стариот Континент работат на предлог за воведување заеднички субвенции.

Намерата е да се даде поддршка на европските автомобилски производители додека продорот на кинеските компании се кочи. За да успее ова решение кое се смета за прагматично субвенциите треба да бидат усогласени низ сите земји членки на унијата – нивното нудење само на поединечни пазари не може да придонесе за значителен напредок во етаблирањето на електричните возила.

Скапата транзиција на индустријата не дозволува похрабри чекори од сегашните бидејќи волуменот на производство зависи од расположението на пазарот кое е доста променливо. Јасно е дека претстојните години ќе бидат клучни за подобрувањето на кондицијата на европските производители а со тоа и останувањето во трката за чисти технологии.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER