Зацврстување на европското присуство
После две години на пазарот, кинескиот BYD дополнително го зацврсти своето европско присуство. Покрај со веќе познатата широка гама модели, купувачите на Стариот Континент имаа можност да се запознаат и со новиот Sealion 7 кој изобилува со иновативни технологии. Развиени од повеќе од сто илјади инженери колку што компанијата во моментов има на платниот список во своите единаесет истражувачки центри низ целиот свет, тие ветуваат дека овој електричен кросовер со средна големина ќе заинтересира со својата практичност и динамичниот дизајн. Но најмногу со своите револуционерни батерии и уникатната конструкција на платформата и кабината. Моќноста на полнење од 230 киловати обезбедува безгрижност во патувањата, а перформансите кои доаѓаат од погонот на сите тркала задоволство во возењето.
Француските купувачи имаа можност премиерно да се запознаат и со луксузниот теренец Yangwang U8, а цврсто беа потврдени и плановите за експанзијата на производството на возила во две нови фабрики во Европа. Колку за информација од своето основање во 2003-тата BYD досега има произведено девет милиони возила, од кои два милиона во последниве шест месеци.


























