Dacia – милион возила со погон на автоплин

Тоа што купувачите го бараат

Иако во многу земји па и кај нас течниот нафтен гас е популарно гориво за автомобилите, ретки се производителите кои фабрички го вградуваат. Dacia пак е единствена марка која го има низ целата своја гама – Sandero, Logan, Joger и Duster и затоа не треба да изненадува што досега има пласирано милион возила со погон на автоплин. Романската компанија започна да ги нуди уште од 2010 година и во моментов тие се опремуваат со еднолитарски трицилиндричен агрегат со ознака Eco-G100 Bi-Fuel кој развива 100 коњски сили и 170 њутн-метри вртежен момент. Во споредба со бензинецот од кој има настанато посилен е за 10 KS и 10 Nm, но троши за 10% помалку гориво и за исто толку испушта јагленород диоксид во атмосферата. За човековото здравје значајно е и тоа што овој мотор има за 90 отсто помали емисии на ситни честички. За купувачите на марката од кои во моментот 40 отсто се определуваат за овој вид погон значајна е и автономијата која се искачува и до 1.500 километри со полни резервоари за бензин и автоплин, секој од по 50 литри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER