Opel Моkka го „освежи“ Скопскиот фестивал на кафето со посебна понуда.
Појавувањето на Оpel Mokka на Скопскиот фестивал на кафе, кој се одржува во Скопје Сити мол, е проследена со интересна понуда која за своите клиенти го изготви тимот на „громот од Руселсхајм“ во Македонија. Opel Mokka со Elegance ниво на опременост и 1.2 литрен турбо-бензински мотор од 100 КС и шест степен мануелен менувач сега е достапна за 245 евра месечно. Моделот кој е понуден, не е нималку наивно опремен.
Тој содржи Intelli-LED предни светла, rearview camera пакет (ултрасонични сензори за помош при паркирање, назад; панорамска камера за паркирање 180°), електронска паркинг сопирачка и 17 инчни алуминиумски тркала Black Diamond. Понудата е креирана во соработка со Шпаркасе Лизинг, а отплатата е на 84 месечни рати. Последната рата изнесува 20% од вредноста на возилото, а секако за сите детали можете да се обратите до овластената дилерска мрежа на Опел, до увозникот „Еуроимпекс“ или да ја посетите opel.mk. Опел Македонија ги покануваме сите заинтересирани за уникатно искуство и кафе дружба да на “rooftop” во Skopje City Mall или во салоните на Opel.


