Citroen CX наполни 50 години

Во 1974 година, елегантната едрилица СХ го наследи легендарниот DS, познат и како La Deesse (Божицата)

Во 70-тите и 80-тите, Citroen CX беше пример за комфорна лимузина во француски стил, екстравагантен однадвор и многу удобен одвнатре. Веднаш по претставувањето, европскиот автомобилски печат го прогласи CX за Автомобил на годината 1975.

Тоа беше вистинска потврда дека новиот модел достојно го наследи претходникот. CX имаше погон на предните тркала, хидропневматска суспензија и диск сопирачки со хидраулична асистенција на силата на сопирањето.

Новодојденецот доаѓаше со голем број оригинални иновации како поврзувањето на монококната каросерија со рамката на оската преку 16 еластични спојници, кои ги филтрираат бучавата и вибрациите на предната и задната оска, како и на моторот и менувачот, со што се зголемува удобноста при возењето.

Инструмент таблата во форма на месечина на многумина им асоцираше на пилотска кабина. Citroen во СХ големо значење посвети на ергономијата и безбедноста при дизајнирање на ентериерот. Сите контроли важни за возење, како што се фаровите, индикаторите, бришачите на шофершајбната и сирената, може да се дофатат со прстите без да мора да ги тргнете рацете од воланот.

Како што минуваа годините, CX стана уште помодерен. Климатизацијата и електричните прозорци на сите четири врати беа нешто посебно за возило од оваа класа во 1975 година. Една година подоцна, полуавтоматскиот мануелен менувач се најде во CX. Во 1977 година следеа бензински мотор со вбризгување, петстепен менувач, светла за магла, електронско палење со транзистор и лесни алуминиумски тркала.

До 1987 година се развиваа технички решенија кои, се разбира, одамна станаа нормални кај сегашните автомобили. Citroen продолжува да се фокусира на голема удобност денес. Ова пред се го покажува најмладиот член на линијата C5 X.

Иако има неколку децении помеѓу двата модели, CX најде рамноправен наследник во C5 X кој во потполност ја продолжува традицијата започната со неговите предци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER