Audi A6 Sportback e-tron е најаеродинамичниот Audi

Аеродинамиката е суштинска компонента на долгата успешна приказна на Audi. Во 1967 година, NSU Ro 80 веќе имаше аеродинамично тело во облик на клин со коефициент на отпор од 0,35, што требаше трајно да го промени дизајнот на автомобилот. Третата генерација на Audi 100 (C3), претставена во летото 1982 година, се карактеризираше и со исклучително добар коефициент на отпор од 0,30 за тоа време. Веднаш потоа, третата генерација на Audi 80 (B3) ја продолжи оваа успешна приказна со вредност на воздушен отпор од 0,29. Сега Audi A6 e-tron додава ново поглавје. Со својот исклучително низок коефициент на отпор од 0,21, Audi A6 Sportback e-tron е аеродинамички најдоброто Audi на сите времиња. Ова достигнување несомнено ќе продолжи да се усовршува и кај следните модели на „Господарот на прстените“ со цел да се зголеми заштедата на енергија и новите модели да бидат уште поекономични.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER