Бензинот 95 и дизелот минимално поевтинуваат

Скромно, за само 0,50 денари

Согласно одлуката на македонската регулаторна комисија која ги крои цените на горивата кај нас, од утре ќе плаќаме помалку за бензинот 95 и дизелот – нивната цена скромно се намалува за само 0,50 денари. Причината за тоа се флуктациите на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната недела кои забележаа намалување кај бензините за 1,468% и кај дизелот за 2,216%, како и поскапувањето на доларот за 0,3992%. Промешани низ барабанот на регулаторната комисија официјално наречен методологија за формирање на цените, тие се намалуваат во просек за 0,54% и ќе изнесуваат:

  • еуросупер БС-95 – 80,50 денари за литар
  • еуросупер БС-98 – 83,00 денари за литар
  • еуродизел БС Д-Е V – 72,50 денари за литар

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER