Audi A6 e-Tron, први информации

Audi денес го претстави новиот електричен адут

Следејќи ја новата номенклатура, отсега A6 ќе биде електричен – ова се првите информации за новите седан односно Sportback и караванската Avant верзија на адутот од кој Audi очекува да биде му силен ривал за иднината. Во продажба ќе се најде идната година, со еден или два електромотора. Врв на гамата треба да биде RS6 e-Tron, кој треба да ги предводи перформансните електрични модели на марката.

Веќе на прв поглед е забележливо дека со овој модел е направен голем исчекор нанапред, или поточно кажано наназад бидејќи досегашниот знаменосец беше ексклузива намената само за најодлучните. Серискиот модел верно ги следи  насоките поставени од концептите од 2021 и 2022 година. Суптилните подобрувања вклучуваат малку прилагодени поделени LED светла, поистакната црна хромирана маска, традиционални рачки на вратите и пошироки задни светла кои се протегаат по целата ширина. Акцентот даден на аеродинамиката е задржан  заради што се спроведени над 1.300 симулации и опширни тестирања во воздушен тунел. Резултатот е неверојатниот коефициент на отпорот на воздух од 0,21 кај Sportback верзијата.

Контролната табла и централната конзола во голема мера се пренесени од Audi Q6 e-tron. Со просторот визуелно доминира поставката со троен екран кој се состои од 11,9 инчна дигитална инструмент табла, 14,5 инчен инфозабавен дисплеј и 10,9 инчен екран за сопатникот. Но тоа не се сите екрани во внатрешноста – постојат уште два кои ќе служат како виртуелни ретровизори.

Исто како и Q6 e-tron и Macan , и A6 e-Tron се заснова на PPE архитектурата заеднички развиена од Audi и Porsche. Основниот модел има еден електромотор со 367 KS и батерии од 94,9 kWh, способни да се полнат на еднонасочен полнач од 270 kW. Импресивно делува автономијата која ја обезбедуваат – дури 756 километри. Посилната верзија која ја носи ознаката S6 дава на располагање 503 коњски сили односно 551 при користење на Launch Control системот. Забрзува до  100 километри на час за 3,9 секунди и има максимална брзина од 240 километри на час. Цените стартуваат од солидни 75.600 евра, а се очекува и модел со помали батерии и проприфатлива цена.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER