Предност има Cupra Terramar
Малку изненадувачки, од Шпанија стигна вест дека Seat Tarraco нема да добие нова генерација – првиот и најголем SUV на марката ќе се пензионира шест години по лансирањето. Причината за тоа како што објаснија од компанијата е дека во иднина фокусот ќе биде на Cupra Terramar кој доста добро ќе го пополни неговиот пазарен простор. Според податоците, шпанскиот технички близнак на Škoda Kodiaq и Volkswagen Tiguan Allspace во континуитет губи на продажбата – додека во 2019-тата таа изнесуваше 29.615 примероци, во 2022 година падна на 12.872. Можеби и затоа Seat не објави колку возила од него се продадени лани.


