Škoda Kodiaq – Македонска премиера

Новата генерација на најголемиот модел на Škoda е лансирана на македонскиот пазар.

Со својот робусен и интригантен изглед новиот Kodiaq повторно покажува дека е возило кое своето место на пазарот не само штто ќе го сочува туку и ќе го надгради.

Изгледот еволуираше и надграден е со  новиот дизајнерски јазик Modern Solid на Škoda преку кого се потенцираат елегантните, аеродинамични подобрувања што ја зголемуваат естетиката на возилото и придонесуваат за подобрување на перформансите.

Новиот Kodiaq е за 6 см подолг во споредба со претходникот и нуди уште повеќе простор и комфор за сите патници. Во понуда е и варијантата со 7 седишта.

Kodiaq во својата втора генерација нуди свеж и иновативен концепт на ентериерот со четири специфични дизајнерски селекции, секоја пресвлечена со различен материјал кои во комбинација со опционални пакети креираат комплетно различно доживување.

Ново ниво на удобност и релаксација нудат опционално достапните ергономски седишта со пневмо-масажа. Инфозабавниот дисплеј сега е самостоен, со дијагонала на екранот до 13 инчи и е опционално е достапен со head-up дисплеј.

Прекинувачот за менувачот доби нова позиција, на управувачкиот столб, што и дава на централната конзола уреден изглед и додава дополнителен простор. Škoda Smart Dials се уште една сосема нова карактеристика на целосно новиот Kodiaq.

Тоа се три ротациони контролери позиционирани под инфозабавниот екран. Комбинирајќи ги хаптичките контроли со екранот во боја од 32 милиметри, тие обезбедуваат интуитивен, лесен и приспособлив пристап до различни функции на возилото и инфозабавниот систем.

Со постојаната интернет конекција кај Kodiaq овозможено е безжично ажурирање на софтверот, мапите за навигација и разните услуги на Skoda Connect – како на пример далечинско активирање на климатизацијата или полнењето на батеријата кај изведбата со приклучен хибрид, проверка на сообраќајот или временската прогноза.

Интегрирањето на четботот заснован на вештачка интелигенција ChatGPT во неговиот гласовен асистент Laura, Škoda го подобрува искуството на многу клиенти и помага да се олесни секојдневниот живот.

Опсегот на погонски единици на Kodiaq покрај добро познатите бензински 1.5 TSI DSG Mild-hybrid со 150 KС и дизелските 2.0 TDI EVO DSG со 150 и 193 KС во комбинација со погон на сите тркала 4х4, сега е проширен со возбудливото деби на plug-in хибриден погон од 204 КС кој нуди повеќе од 100 km чисто електричен опсег. Сите погонски единици се достапни единствено со автоматски DSG менувачи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER