BMW за моделите од својата петта генерација БЕВ ќе користи ќелии за батериите произведени од Samsung SDI наместо од Northvolt
Договорот тежок две милијарди евра за набавка ќелии за батериите на своите електрични возила BMW Group го откажа откако шведската компанија Northvolt доцни во исполнување на своите обврски. Долгорочниот договор потпишан пред четири години се однесуваше на испорака на ќелии за петтата генерација БЕВ на Баварците и тежеше две милијарди евра. Но ова не е крај на соработката на двете компании.
Според информацијата што ја сподели BMW Group, оваа одлука заедно ја донесоа двете страни со цел да се фокусираат активностите на Northvolt на развој на ќелии за батерии од следната генерација електрични автомобили Neue Klasse доколку се решат проблемите. Настанатата празнина во ланецот на снабдување на ќелии за батериите ќе ја покрива корејскиот Samsung SDI.
И понатаму Групата BMW продолжува да има силен интерес за формирање на производител на кружни и одржливи батериски ќелии со високи перформанси во Европа. За сега Northvolt доцни две години во договорената динамика, а ќелиите за батериите за Neue Klasse на BMW треба да се произведува во фабриката во Хајде, северна Германија.


