Трендот на зголемување на цените на горивата продолжува. Ова е трет пат во една седмица горивата да поскапуваат. Од полноќ бензините ќе бидат поскапи за еден денар, а дизелот за половина денар за литар. Од утре во малопродажбата ќе важат следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС-95 81,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 83,00 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 74,00 ден/лит.


