Италијанските власти во отворена војна со Stellantis

Финансиската полиција заплени 134 возила од моделот Fiat Topolino затоа што имале италијанско знаменце

Сé уште е прилично свеж случајот кога Stellantis мораше преку ноќ да го промени името на Alfa Romeo Milano во Junior затоа што кросоверот ќе се произведува во Полска, но духовите не се смируваат – италијанските власти како да решиле да стапат во отворена војна со компанијата настаната со спојување на Fiat-Chrysler и Peugeot. И тоа брутална – финансиската полиција на пристаништето во Ливорно заплени 134 возила од моделот Fiat Topolino затоа што имале италијанско знаменце. Правната основа за тоа лежи во законот за заштита на потеклото кој не дозволува производите кои не се од Италија да се нарекуваат со италијански имиња или да имаат италијански обележја на себе за потрошувачите да не бидат доведени во заблуда дека се италијански.

Тоа, без дискусија, е кристално јасно, но знаменцето на Topolino кое се наоѓа покрај рачката за отворање на вратата е толку мало што треба да се бара со лупа. Плус на тоа електричното автомобилче кое заедно со Citroen Ami и Opel Rocks се произведува во Мароко што Stellantis воопшто не го крие, е претставено пред цела година и е дизајнирано во Торино а законот на кој се повикуваат властите датира од 2003-тата, значи дваесет години пред тоа. Според него прекршителите можат да бидат казнети со парична казна од 10.000 до 250.000 евра, а производите да бидат запленети.

Иако случајот веројатно ќе заврши со одлепување на спорните знаменца од возилата после што Fiat ќе може да ги продаде по цена од 7.543,68 евра со вклучени субвенции, приказната за растечката нетрпеливост на италијанските власти према Stellantis сигурно нема да остане на тоа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER