Шест месеци по лансирањето на е-С3, во понудата доаѓаат изведбите со мотори на согорување и благ хибрид
Радосна вест доаѓа од Citroen. Четвртата генерација на компактниот С3 сега ги надополни своите редови со класичен погон. Премиерата на моделот ја понесе електричната изведба која најави еден сосема поинаков пристап најавувајќи дека наскоро ќе биде лансирана и верзија поевтина од 20.000 евра што досега беше незамисливо во светот на БЕВ.
И додека ја чекаме таа верзија „двојниот Шеврон“ ни приреди уште едно пријатно изненадување. Основната верзија ќе ја задвижува познатиот трицилиндерскиот 1,2 литрен турбо-бензинец со 102 КС, додека 48 волтниот благ хибрид ја искачува силата на 130 коњи.
Од Автонова, увозникот на Citroen за Македонија и регионот, потврдено е пристигнувањето на С3 на есен, но рано е да се зборува за цените.


