Audi A3 – Многу ажурирања и нов дериват

Покрај обновувањето на спортбек и седан изведбите, палетата е збогатена со A3 Аllstreet кој е кросовер

Со цел да ја заджи актуелноста на гамата А3 Audi направи впечатливи освежувања на популарните компакти. Според фотографиите забележливо е дека ревидираната маска дава подинамичен изглед.

Пошироката и порамна решетка надополнета со два остри доводи за воздух и преден сплитер остава впечаток дека обновените модели изгледаат пониски. Дизајнерите на задниот дел беа инспирирани од моделите RS на марката и додадоа нов браник и дифузер. Кросоверот Allstreet е три сантиметри поодвоен од подлогата и има посебни детали на дизајнот кои му даваат погруб изглед.

Стандардната опрема е значително проширена. Покрај мултифункционалниот кожен волан со три краци, стандардни се и автоматска контрола на климата, пакетот за амбиентално осветлување и предниот централен потпирач за рака. Промени има и во дизајнот на рачката на менувачот и отворите за воздух, како и нови текстилни украсни влошки.

I

Централната конзола е редизајнирана, а виртуелната пилотска кабина и опцијата за индуктивно полнење на паметниот телефон сега се исто така стандардни. До популарните апликации може да се пристапи директно преку екранот на допир. Овозможено е да комуницирате со апликациите користејќи гласовни команди преку Alexa.

Сите модели имаат 10,1-инчен инфозабавен дисплеј и четири USB-C порти за полнење. По купувањето на возилото, до пет дополнителни функции од областите на инфозабавата и удобноста може да се изнајмуваат поединечно онлајн со помош на апликацијата My Audi. Закупот, според желбата и потребите, може да трае еден месец, половина година, една година, три години или трајно.

Во таа понуда, меѓу дуругото, влегуваат прилагодливиот асистент за возење и активно менување на лента при брзини над 90 км/ч и автоматските долги светла. Кога ќе дојдат на пазарот трите каросериски извеби првично ќе бидат достапни во две погонски варијанти.

Бензинецот носи ознака 35 TFSI зад која се крие 1,5 литарски мотор засилен со благ хибрид, а дизелот 35 TDI има дволитрена зафатнина. Двата имаат 150 КС и седумстепен автоматик. Подоцна ќе влезе во понуда и шест степен мануелен менувач, планирани се дополнителни мотори, а погонот со приклучен хибрид ќе дебитира кон крајот на годината.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER