Концептот за компактен електричен седан го прикажува дизајнерскиот јазик на првото ЕВ на компанијата закажано за 2025 година
Chrysler најавува дека во 2025 година ќе се врати на глобалната автомобилска сцена. Компанијата која е дел од групацијата Stellantis, неколку години се сведе само на еден модел – моноволуменот Pacifica кој се продава само во Америка.
Новиот концепт Halcyon е само концепт, а сè уште е неизвесно колку сериското EВ планирано за 2025 година ќе наликува на прикажаниот концепт. Тој делува извонредно примамливо и само 10 сантиметри е издигнат над тлото. Но, колку што може да се види пеперутка вратите во комбинацијата со остри рабови и флуидни линии ќе се погрижат да го привлечат вниманието.
Во внатрешноста има ефектни седишта, правоаголен волан, додека погледот кон централната конзола открива голем вертикален екран на допир. Chrysler вели дека 95 отсто од внатрешноста е составена од одржливи материјали, а задните седишта може да се преклопат.
Halycon делува импресивно, но дали ќе стигне до сериско производство? Планот на Chrysler предвидува целото портфолио на модели да биде електрично до 2028 година, три години по лансирањето на првото EВ на компанијата. Затоа е разбирлива претпазливоста околу техничките детали, но се знае дека Halcyon е поставен на Large платформата на Stellantis.
Таа е дизајнирана за автомобили кои ќе бидат долги помеѓу 4,7 и 5,2 метри кои ќе имаат меѓуоскино растојание помеѓу 2,8 и 3,1 метар. Исто така, познато е дека платформата STLA Large поддржува технологија за полнење од 400 и 800 волти, може да понуди батерии помеѓу 85 и 118 kWh, ветува автономија до 800 км и може да се прилагоди на конфигурациите со погон на предните, задните и сите тркала.




















