Mazda2 Hybrid е резултат на долгогодишната соработка со Toyota од каде го доби хибридниот погон.
Малата Mazda2 е првиот модел на компанијата со целосен хибриден погон. Нејзиното производство се одвива во француската фабрика на Toyota во Онаинг од каде доаѓа Yaris кој е технички донатор на Mazda 2.
Тоа дава до знаење дека погонот го обезбедува целосниот хибриден систем со поделена моќност, кој вклучува 1,5-литарски трицилиндричен бензински мотор од 93 КС и електричен мотор со 80 КС и развива системска моќност од 116 КС. Литиум-јонска батерија е наменета да овозможи висока ефикасност, особено при употреба во град. Mazda2 има силен аргумент, а тоа е дизајнот кој е ажуриран во европскиот дизајнерски центар на Mazda.
Ситните дотерувања се однесуваат на решетката на ладилникот, браникот и задниот дел. Mazda2 се нуди во пет линии на опрема, од основната Prime-Line до врвната верзија Homura Plus накитена со head-up дисплеј, систем за навигација, 10,5 инчен мултимедијален дисплеј, 12,3 инчен дисплеј за инструментите и панорамски стаклен покрив.


